Може да ви го спаси животот: Како правилно да направите самопреглед на градите?

Иако самопрегледот на градите е многу едноставен и на него нема да потрошите повеќе од десет минути, загрижува фактот што многу жени никогаш немаат направено самопреглед или го прават многу нередовно.

Прегледот на градите дома може да ви го спаси животот, а еве како правилно да го изведете.

Самопрегледот најдобро се прави при крајот на циклусот, бидејќи тогаш хормоните имаат најмало влијание врз ткивото на дојката, а најлесно ќе го направите на следниот начин. Легнете, ставете перница под десното рамо и ставете ја десната рака зад глава. Со врвовите на прстите на левата рака правете кружни движења за да ја напипате десната дојка, а потоа и под пазувите.

Не брзајте, проверете темелно за да не пропуштите нешто. Потоа сменете ги рацете и прегледајте ја другата дојка и пазува на ист начин.

Прегледот можете да го направите и во стоечка положба. Застанете пред огледало со исправен грб и рацете испружени покрај телото. Внимателно прегледајте ги градите за какви било промени во формата или симетријата, како и за какви било чудни брчки и вдлабнатини, посветувајќи особено внимание на брадавиците. Исто така, лекарите препорачуваат кревање на градите за да можете лесно да ја споредите нивната симетрија.

Во случај да забележите некакви промени за време на домашниот преглед, веднаш контактирајте го вашиот лекар, кој ќе утврди за што се работи.

Важно е да се нагласи дека зачестеноста на прегледите на дојките зависи и од вашиот личен ризик. Имено, на жените со висок ризик од развој на рак на дојка им се препорачува еднаш годишно да прават ултразвук и мамографија на дојка почнувајќи од 30-годишна возраст, а на оние со просечно ниво на ризик им се препорачува да почнат да го прават тоа на возраст од 45 години.

Remote video URL
Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Здравје

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Read more

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Читај повеќе

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Читај повеќе
  • play_arrow

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времето за неа стои: Клаудија Шифер се врати на модната писта

Читај повеќе

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Читај повеќе

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Читај повеќе

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Читај повеќе

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Читај повеќе