Ирина Гладкаја од Русија е една од најсилните жени во светот, сите кои се обидуваат да ја победат во туркање со рака, завршуваат поразени.
И покрај тоа што е висока 168 сантиметри и тешка 75 килограми, Ирина досега 13 пати ја има освоено титулата на светска шампионка во туркање со рака.
Забележувајќи ја на плажа во Мајами група момчиња си ја пробаа среќата со Ирина, а целиот настан беше снимен.
Ниту еден не успеа во намерата да ја победи. Ирина со насмевка на лицето ги победи сите кои се појавија пред неа.