Сонот да се напушти Земјата и човекот да почне да населува други панети веќе одамна е познат. Освен Марс како главен кандидат, се споменува и Венера.

Површината на Марс наликува на некои делови од Земјата, па оттаму за многумина токму оваа планета е најпогодна за започнување на процес на тераформирање, односно прилагодување на друга планета за човечки живот.
Но, Марс е помала планета од Земјата, токсична е и не е богата со извори на енергија, така што тераформирањето таму веројатно и не би било добра идеја.
Некои ја предложуваат Венера. На прв поглед Венера е многу лош избор бидејќи се работи за планета чија атмосрефа е премногу жешка и човек не би ни можел да отиде во посета, а камо ли да проба да гради нешто.
Но, има некои предности. Венера по големина е речиси иста со Земјата и има 90% иста гравитација, што значи дека животот на Венера од таа гледна точна би бил одличен.
Тераформирањето на Венера би било задача на некоја идна генерација која прво ќе мора да ги намали гасовите во нејзината атмосфера кои премногу ја загреваат површината.