Можеби најпозитивниот концерт годинава

Светски познатиот кавер бенд кој доаѓа од Њујорк – “Brass against” ќе го одржи својот прв концерт во Македонија на 19. Јуни, со почеток во 21 часот во Скопскиот клуб Cabrio. Оваа Американска брас атракција, како што ги нарекуваат музичките критичари низ светот, пред нашата публика ќе одржи двоиполчасовен концерт, изведувајќи ги песните на култниот бенд “Rage Аgainst the Мachine”, кој своевремено продаде 16 милиони плочи низ светот и сѐ уште се смета за една од политички највлијателните групи.

Ова ќе биде нивен прв настап пред македонската публика, а во пресрет на концертот порачуваат дека во овој политички предизвикувачки период време е да се спротиставиме на “машинеријата” и тоа само со извонредна музика.

Влезниците можете да ги купите во продажната мрежа и онлајн на karti.com.mk по следниве цени:

500 денари - до 18.06.2019

600 денари - на ден на концерт

“Би било несериозно да не го воочиме ова специфично време во кое живееме. Сакаме нашата музика да не биде само звук кој ќе ве инспирира,туку со предизвикување емоции кај луѓето да поттикнуваме на акција. Создаваме извонредна музика со политичко шило.Ние сме лути, инспирирани, подготвени за промени и се надеваме дека нашата музика кај секого што не слуша ја крева оваа енергија".

Бендот го води гитаристот Brad Hammond, а вокалот кој ќе ја импресионира македонската публика е Liza Kolbi. Придружени се од 20-тина одлични музичари околу нив, а заедно со широкиот спектар на инструменти прават извонредна музичка синергија и позитивна движечка сила кај публиката.

Подолу е листата на некои уметници кои се менуваат во текот на турнејата. Многу од нив ги изложија своите неверојатни таленти во видео спотови, снимки и изведби во живо на бендот. Сите тие се дел од една исклучителна целина наречена BRASS AGAINST.

Brad Hammonds –фронтмен-гитара; Andrew Gutauskas – музички директор, саксофон; Lisa Colby- вокал; Sophia Urista –вокал; Maya Azucena – вокал; Mazz Swift -вокал, електрична виолина; Amanda Brown – вокал; Samuel Hope – вокал; Darius Christian – вокал, тромбон; Mariel Bildsten – тромбон; Frank Cohen – тромбон; Eli Chalmer – тромбон; Melissa Gardiner – тромбон; Wayne Tucker – труба; Oskar Stenmark –труба; Tyler Tritt – труба; Kai Sandoval – труба; Bruce Harris – труба; Kenneth Bentley – соусафон; Corey Wilcox – соусафон; Steven Duffy – соусафон; Nathan Bell – тапани.

Во рамките на светската турнеја, овој бенд на 11. јуни ќе настапи во Лондон (O2 ARENA), како специјален гостин на Lenny Kravitz, а како дел од ова исклучително музичко доживување ќе настапи и во Љубљана на 14. јуни ,Софија 22. јуни ,Белград 23. Јуни. Во Скопје ќе може да уживаме на 19. јуни.

 

*Промотивен текст

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе