МП: Немаме издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“

Министерството за правда вели дека нема издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението што беше отворено во април оваа година во Битола. 

Реакцијата на Министерството следи по денешниот заклучок на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека основањето на здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола е дискриминациски, а дека е извршена и индиректна дискриминација од страна на Министерството за правда.

-Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар „Иван Михајлов“, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или кој било друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението, се вели во реакцијата од Министерството.

Појаснуваат дека „Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда“.

Од Министерството за правда велат дека немаат никаква надлежност да вршат надзор над работата на здруженијата, единствено се надлежни за надзор на законитоста на примената на одредбите од Законот.

-Согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации, Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот. Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов“, пишува во соопштението.

Во однос на постапката за регистрацијата на здружението, од Министерството велат дека до нив на 27 февруари 2019 година е доставено барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар.

– Министерството за правда со допис од 5 март 2019 година година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот „Македонија“, зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, за употреба во името на организацијата, посочуваат од Министерството. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе