Живот

Мрачни тајни на три руски градови кои се домаќини на Светското првенство

11. јули 2018 - 14:57 | М.Д.

Илјадници фанови на фудбалот ги открија убавините на Самара, Калининград и Нижни Новгород, во последните неколку недели, колку што трае ова Светско првенство во фудбал.

Сите овие три града полни со содржина и убавина, кријат свои мрачни тајни од минатото. Една од заедничките е тоа што, сите овие градови пред неколку децении не би можеле да ги посетите.

1. Калининград

Калининград, најмоќното пристаниште на запад во Русија, беше од стратешко значење и дом за Советската балтичка флота. Околу 600 илјади војници, морнари и нивните семејства живееја во овој град за време на Студената војна, сочинувајќи на тој начин половина од вкупната градска популација. Речиси 50 години овој град беше криен од јавноста, а откако го промени името во 1991 година, конечно стана отворен за туристи. Првиот турист кој се вратил, еден од поранешните германски жители, сфатил дека секој остаток од стариот Конигсберг (како што претходно се викаше овој град), всушност е уништен.

„Некои од уништените згради стоеја до 1968 година, кога, според сведоштвата на населението, Никита С. Хрушчов одлучи стариот Конигсберг, колевката на источна Прусија, конечно да исчезне. Куќите кои беа обновени сега се уништени, а црвените цигли послужија како материјал за изградба на Вилниус, Рига и Ленинград“, пишува во текст на „La Times“, од 1991 година.

Денеска овој град е подобар, а туристите и понатаму уживаат во остатоците од богатото германско наследство. Градот негува сопствена Бранденбуршка капија, иако е помала од онаа во Берлин, а градската катедрала е конечно обновена благодарение на средства од Германија.

Самара

Во 1935 година Самара го промени името во Кујбишев, а се додека не беа одржани протести за да и се врати историското име, таа беше затворена за странци, поради својата улога во вселенската трка. Во нејзините фабрики се градеше ракета, која го лансираше Јуриј Гагарин во орбитата во 1961 година, а не е случајност и зошто стадионот во овој град се вика „Cosmos Arena“ и е изграден во облик на летечка чинија. Самара и денеска е дом на руската авио-индустрија, но не е местото каде се чуваат големи тајни. Всушност, од 2007 година туристите можат да го посетат музејот „Cosmic Arena“, кој е посветен на вселенските достигнувања на оваа земја.

Нижни Новгород

Од 1932 до 1990 година се викаше Горки, по својот најпознат жител Максим Горки, а покрај тоа, беше и значаен индустриски центар, кој го носеше и неофицијалниот назив „Рускиот Детроит“. Беше најголем снабдувач со муниција на Источниот фронт во Втората светска војна, а и после конфликтот продолжи да служи за воени истражувања. Поради тоа не е чудна одлуката на ССР да го затворат за туристи. И покрај својата величина (петти најголем град во Русија), уличните мапи не беа дозволени за јавноста, се до доцните седумдесетти години.

Исто така, во овој град, во домашен притвор седум години помина Андреј Сакаров, човекот кој ја изуми хидрогенската бомба, а неговиот стан сега е музеј.

Најважен артефакт е белиот телефон, кој е инсталиран само поради еден повик, кога Михаил Горбачов го повика Андреј да му соопшти дека после седум години е слободен да се врати во Москва, каде умре во 1989 година.

Коментирај