Мразот на Антарктикот се топи со алармантна брзина

Вашингтон, 13 јуни 2018 (МИА) - Топењето на мразот на Антарктикот алармантно се забрзува, при што во изминативе 15 години се стопиле три илјади милијарди тони мраз, се наведува во извештај на меѓународен тим експерти објавен денеска.

Во студијата се наведува дека во послениов четврт век на најјужниот дел на Планетата се стопило толкаво количество на мраз од кој е добиена вода што би можела да ја прекрие целата територија на американската сојузна држава Тексас во висина до четири метри.

Според експертите ваквото топење на мразот на Антарктикот придонело за покачување на глобалното морско ниво за 7,6 милиметри.

Во истражувањето се наведува дека во периодот од 1992 до 2011 година во просек се топеле по околу 84 милијарди тони мраз годишно, а од 2012 со 2017 година по 241 милијарда тони.

- Мислам дека треба да се загрижиме, но не значи дека треба да бидеме очајни. Работите едноставно се случуваат и тоа побрзо отколку што очекувавме, вели Изабела Велкоња од Калифорнискиот универзитет, која е една од 88-те коавтори на студијата.

Според друг коавтор на извештајот, Ендрју Шапар од британскиот Универзите во Лидс, доколку продолжи ваквото темпо на топење, само како резултат на стопрниот мраз од Антарктикот, до крајот на векот нивото на морињата би се зголемило за 16 сантиметри.

Ова е второ вакво истражување, што го изработуваат научници во соработка со американската Национална аеронаутичка и веселнска администрација (НАСА) и Европската вселенска агенција. Целта на стидиите е да се следи состојбата со мразот на Антарктикот и околу Гренланд.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе