УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

МРТ преку јавна анкета одлучува за пренос од Лига на шампиони

Националниот сервис е во дилема кој натпревар од 1. коло од европската фудаблска елита да го емитува, па бара помош од гледачите.

Илустрација: КАЈГАНА

Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул - Милан и Интер - Реал Мадрид.

Во договор со ArenaSport нашата МРТ ќе има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар. Но, 1. коло носи голема дилема: кој натпревар да оди низ директен пренос?

Затоа, МРТ објави јавна анкета во Facebook групата „СПОРТ на МТВ“ каде веднаш започна голема војна помеѓу бројните македонски навивачи на Ливерпул и Милан од една и на Интер и Реал од друга страна.

Анкетата за гласање е отворена 24 часа, а почна денеска од 13:00, што значи дека се затвора утре (3 септември) во истото време. Засега бројот на гласови постојано се менува, двата натпревара се блиску и постојано се менуваат во водство.

 

За да го дадете вашиот глас треба да бидете член на групата (член се станува со едноставно Зачлени се / Join), а анкетата се наоѓа на линкот тука.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе