Триесет и седумгодишен маж од Радишани бил пронајден мртов во автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:40 часот М.П. пријавил во полиција дека во сервис за автомобилско стакло на улица Босна и Херцеговина, во возило Land Rover со светиниколски регистарски ознаки бил пронајден починат Ј.Д. (37) од населба Радишани, Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.