Шеесетгодишен битолчанец вчера бил пронајден мртов во битолското село Братин Дол.
Телото на К.Л. било пронајдено во бунар во викендица.
Според неофицијални информации, на телото на починатиот не биле забележани траги на насилство.
Телото е предадено на обдукција, по која се очекува да бидат познати причините за смртта.