Скопје, 25 мај 2018 (МИА) - На 24.05.2018 година во околу 13:15 часот во близина на с.Сараќино, тетовско, М.К. (65) од с.Сараќино пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.
Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од с.Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат.
Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.