МТСП: Семејството на трите деца кои загинаа во пожарот во Велес е корисник на социјална парична помош

Скопје, 21 јуни 2018 (МИА) - Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош, информира денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

- Денес, општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца. Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи. За сите понатамошни детали од истрагата, како и за постапувањата на Центарот за социјална работа, согласно потребите и надлежностите, јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти МТСП.

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Увид на лице место извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој издаде наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Ќе се врши проверка на трагите земени од лице место за да се утврдат причините за настанување на пожарот.

Претходно МИА објави дека во пожар на куќа на улица „Даре Џамбаз“ б.б над последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес во пожар на трошна куќа која се наоѓала во шума изгореа три деца на една, две и четири години.

Како што информира за МИА Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес, пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути.

- Отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Покривот беше паднат и ние гасневме, а заедно со нас беше и таткото. Кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал ги најдовме склупчени во едно ќоше. Прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени - двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страотна. Во куќата немаше ни вода ни струја и имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, кое било социјално загрозено, појасни Лепидовски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Read more

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе