МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите

Скопје, 19 јуни 2019 (МИА) – За да ја намалиме невработеноста на младите во Северна Македонија втора година по ред ја имплементираме Гаранција за млади. Младинската гаранција е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица, во период од четири месеци од пријавувањето во Агенцијата за вработување квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практикантство, порача  Мирјана Алексевска, раководител на Сектор за политики од областа на трудови право и политики за вработување во МТСП во своето обраќање на Меѓународната конференција на трудот во Палатата на нациите во Женева на сесијата на која присуствуваат преставници од над 180 земји.

Таа заедно со делегација од Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и работодавачите од Северна Македонија, присуствува на конференцијата со која се одбележува и 100 -годишнината на Меѓународната организација на трудот.

-Гаранцијата за млади се спроведува со техничка помош на Меѓународната организација на трудот и Република Северна Македонија е прва земја во регионот која ја имплементира. Во оваа прилика би сакала да информирам дека поставената цел е надмината и рализацијата Гаранцијата на млади во 2018 година која се пилотираше во три општини изнесуваше 41,7 отсто што не охрабри и годинава да ја спроведуваме, рече Алексевска.

Истакна дека овој јубилеј треба да не потсети на досегашните достигнувања во областа на трудот, но и да ја искористиме 100 -годишнината како мотив за гледање нанапред во разрешувањето на динамичните односи кои ги носи современиот развој и технологијата.

-Во насока на нашата посветеност за побрзо вклучување на младите лица на пазарот на трудот донесовме и посебен Закон за практиканство, со кој се дава можност на млади невработени лица одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови и за тоа да им биде платено. Со тоа ја зголемуваме нивната вработливост, рече Алексевска.

Од МТСП порачуваат дека Владата и понатаму останува на патот на унапредување на работните услови, намалување на родовиот јаз и нееднаквоста во пазарот на трудот, свесна за значењето на социјалниот дијалог и заедничката борба на сите чинители за пристојна работа, во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе