Муцунски не реагирал веднаш на скандалот со знамето од почит поради авионската несреќа во Бугарија

Пропуст и непочитување на договореното од страна на бугарскиот протокол e фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев, без македонското знаме, покрај знамињата на Бугарија и на Европската Унија, објаснија денес од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, беше дел од делегацијата што ја придружуваше претседателката Силјановска-Давква. Од Министерството за надворешни работи велат дека иако биле делегација од повеќемина, во работните простории на претседателот Радев, каде што била средбата, ѝ било дозволено да присуствува само на претседателката Силјановска-Давкова. Другите членови на делегацијата како нејзина придружба биле сместени во посебна просторија.

„Фотографирањето беше на пат кон средбата меѓу претседателите. Македонскиот и бугарскиот протокол имаа координација пред средбата и јасно беше определено дека нема фотографирање. Ние сега бараме одговор на прашањето зошто бугарската страна отстапила од јасно договорениот протокол“, велат од Министерството за надворешни работи и нагласуваат дека по средбата, целата делегација заминала на заеднички ручек, на кој уверуваат дека имало и македонско знаме.

Иако можел веднаш да реагира на фотографирањето без македонско знаме, министерот Муцунски ја одложил реакцијата за првиот работен ден по посетата. Од Министерството објаснуваат дека министерот не реагирал од почит кон Бугарија поради авионската несреќа, во која загинаа двајца пилоти.

„Имаше консултации, но министерот не реагира јавно за време на посетата од почит оти фотографирањето беше само неколку часа по авионската несреќа во Бугарија, во која загинаа двајца пилоти. Беше оценето дека е несоодветно јавно да се реагира поради трагедијата“, уверуваат од Министерството за надворешни работи.

Од таму не објаснија зошто веднаш не реагирал македонскиот протокол, туку го дозволиле фотографирањето.

Денес, на состанок во Министерството е повикан бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, кому ќе му биде врачена протестна нота. Тоа нема да го направи министерот Муцунски, туку директорот на Инспекторатот за регионални инцијативи оти така било соодветно, објаснија од Министерството за надворешни работи.

Претседателката Силјановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков во петокот имаа културно-дипломатска мисија во Бугарија. Отидоа за да го проследат настапот на Националната опера и Балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди, а настанот беше искористен и за средба на претседателката со бугарскиот претседател.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Македонија

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Read more

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Read more

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Read more

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе