Сиднеј, 9 јануари 2019 (МИА) – Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса се повлече од ВАТ турнирот во Сиднеј (Австралија), поради стомачен вирус.
Мугуруса се надева дека преостанатото време до почетокот на Австралија Опен ќе закрепне.
Таа во првото коло во Сиднеј ја победи Суарез Наваро, а второто требаше да игра со Холанѓанката Кики Бертенс.
Во 1/8 финалето, Бертенс холандскиот тенисер ќе игра со победничката од мечот Слоан Стивенс (САД) – Јулија Путинцева (Казахстан).