Македонија

Мукоски штрајкува со глад во истражниот затвор

6. декември 2017 - 19:36 | Макфакс

Пратеникот Крсто Мукоски кому вчера кривичниот суд во Скопје му изрече 30-дневен притвор, денеска почнал штрајк со глад. Како што дознаваме, тој уште од изутрината одбивал да ја земе затворската храна во Истражниот затвор Скопје. За случајот е известена затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба.

Неговиот адвокат Игор Кичеец поднесе жалба до Кривичниот совет против притворот кој што вчера му беше изречен, заедно с уште двајца пратеници поради учество во инцидентите во Собранието на 27 април годинава.

Претходно со глад штрајкуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот исто така му изрече мерка притвор за „крвавиот четврток“.  Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште 35 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Како што дознаваме од затворски извори, тој некогаш ја земал, а некогаш ја одбивал храната во затворот изминативе денови.

Коментирај