Мултимедијален алтернативен фестивал Гига фест во Крива Паланка

Три вечери фестивалска програма содржи годинешното издание на Мултимедијалниот алтернативен фестивал Гига фест , посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, основач и раководител на Драмското студио и драмската дејност при НУ Центар за култура – Крива Паланка.

Првата фестивалска вечер е на 24 јули, а на програмата е дуодрамата „Кенди“ од Лук Дејвис, во продукција на „Златен елец“ , а во адаптација режија на Тамара Стојаноска. Улогите ги играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, музиката е на Лука Тошев, а вокал и укулеле Лео Поповиќ. Претставата ќе се одржи во НУ Центар за култура, со почеток во 21 часот.

На втората фестивалска вечер, на 25 јули, која ќе се одржи на платото пред Градскиот музеј, ќе биде прикажан документарниот филм „Лука“, во продукција на „Транзен“. Режијата на филмот е на Ице Виранов, сценариото на Бинева Џејд, костимограф е Столе Ангелов, камерман Иво Јанков, а музиката ја потпишуваат Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров. Проекцијата на „Лука“ почнува во 20 часот, а во 21 часот следува музичкиот перформанс „Ставро и Џејд“.

Фестивалската програма ќе биде затворена на 31 јули со проекција на документарно-музичкиот филм „The Hip – Brainstorm“, во режија и продукција на Јане Алтипармаков, по оригинална идеја на Љубиша Петрушевски. Камерата е на Наташа Гелева и Ања Илиева, а монтажата на Михаил Димитров. Програмата започнува во 21 часот, на платото пред Градскиот музеј во Крива Паланка.

Мултимедијалниот алтернативен фестивал е поддржан од Општина Крива Паланка, а годинава се реализира во рамките на кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – град на културата“.

Глигор Цветковски (21.02.1980 – 12.10.2021), во чија чест се организира „Гига фест“, беше посветен на младите актерски таленти од Крива Паланка, се трудеше да создаде поинаква сцена за младите генерации и да им ја всади желбата за уметноста и вистинските вредности. Неизмерно веруваше во својата идеја и упорно ја градеше кривопаланечката театарска сцена.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Култура

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Read more

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Read more

Театарот Сенки и облаци гостуваше во Софија со претставата Свадби на животни и нешта

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе