Мултивитамините се можно решение за опаѓањето на косата

Губењето на косата може да влијае на поединци од било кој пол и било која возраст, па доколку имате проблем со опаѓање на косата, постои едноставно решение.

Една студија објавена во списанието Dermatologic Surgery покажа дека приближно 42% од мажите на возраст од 18 до 49 години доживеале огромно губење на косата, а оваа состојба погодува и милиони жени, при што губењето на косата обично започнува во средна возраст.

Иако постојат голем број инвазивни третмани кои ја враќаат косата на нејзиниот стар сјај, не мора да одите на скапи третмани за да ја одржите косата бујна и здрава.

„Здравата коса зависи од општото добро здравје“, објаснува дерматологот Ајлин Мари Вергара-Виџанко.

Таа вели дека кај лица со одреден нитритивен недостаток косата значително се проретчува, но одреден додаток може да помогне.

„Ако вашата коса е ретка или сте забележале дека вашата коса опаѓа, обидете се да земете мултивитамин. Здравата коса има потреба од железо, фолна киселина и цинк за да остане густа и силна: три микронутриенти кои обично се наоѓаат во мултивитамините“, вели Вергара-Виџанко, напоменувајќи дека е важно да разговарате со вашиот лекар пред да додадете нови витамини во вашата редовна рутина.

За оние кои веќе редовно земаат мултивитамини, Вергара-Виџанко вели дека додавањето масни киселини може да ви помогне да ја одржите косата иста како и порано.

„Омега-3 му помага на вашето тело да се бори против воспаленија, основната причина за многу состојби. Предвременото губење на косата, исто така, може да се поврзе со воспаление. Омега-6, од друга страна, е важна за целокупното здравје на кожата, што може да биде од корист за скалпот“. објаснува таа, додавајќи дека, како што е случај со мултивитамините, секогаш е најдобро да се консултирате со здравствено лице пред да земете нов додаток на масни киселини.

Сепак, постои еден популарен додаток за кој Вергара-Виџанко вели дека можеби нема да ги даде резултатите што луѓето мислат дека ги дава: биотин.

„Ако јадете балансирана исхрана, најверојатно нема да ви недостасува биотин. Сепак, дополнителните форми на биотин се во пораст во последниве години, делумно благодарение на маркетинг експертите кои ветуваат подобар раст на косата со такви производи“, објаснува Вергара-Виџанко.

Иако биотинот помага во разградувањето на ензимите во вашето тело, има малку докази дека може да помогне при опаѓање на косата.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе