Мундијал Русија 2018 – кој фудбалер има најсекси партнерка?

Додека светот е во очекување на почетокот на Светското првенство во фудбал што годинава се одржува во Русија, еден руски вебсајт отвори анкета на која корисниците може да гласаат и да ги рангираат сопругите и девојките на руските репрезентативци според тоа која е најсекси.

Порталот Spletnik, познат како рускиот Tatler, вели дека сопругите и девојките на фудбалерите (скратено WAG) се подеднакво важен дел од Мундијалот како и акцијата на теренот.

Партнерките на руските репрезентативци можеби се едни од најпаметните на ова СП, со оглед на тоа дека повеќето од нив имаат универзитетски дипломи.

Прекрасната Ина Жиркова (28), сопругата на поранешниот играч на Челзи Јури Жирков, засега води на листата, но има сериозна конкуренција.

На второ место е Катерина Герун (31), сопруга на ветеранскиот голман Игор Акинфев. Таа е вистинска закана на секое поле – дипломиран хемичар, збоирува неколку странски јазици и работи како модел и актерка.

Моментално, според гласовите на читателите, на трето место е 32-годишната Олга Березуцкаја, сопруга на Василиј од ЦСКА. Таа е шампионка во синхронизирано пливање и поранешна балетска кореографка.

На четврто место е Анастасија Костенко (24), девојка на Дмитри Тарасов кој воопшто не влезе во конечната прва постава на руската репрезентација. Костенко е поранешна учесничка во изборот на убавина Мис на светот, има диплома од Колеџот за уметност Ростов и диплома за новинарство од престижен универзитет во Москва.

Следни се Анастасија Кудрјашова (32) сопруга на Фјодор Кудрјашов, и Катерина Новоселцева (29), сопруга на Иван Новоселцев, која е професионална кошаркарка за рускиот национален тим и Москва Динамо.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе