Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Глобалниот бренд Adidas подготвува нова официјална топка за Светското првенство во 2026 година. Засега го носи името Trionda, како синоним за тројцата коорганизатори, Канада, САД и Мексико.

Мундијалската топка ќе биде слична по технологија како веќе претставената топка за Клупскиот мундијал 2025

Ќе биде во боите на сите три земји, бела со црвени, зелени и сини детали, а официјално ќе биде претставена на крајот на оваа година.

Она што го откри Marca се нови детали за Connected Ball Technology. Новата Trionda, како онаа за Мундијалот во Катар, ќе има голем број на сензори кои ќе го следат нејзиното движење и секој допир на играчите со неа. Ќе биде инсталиран најнов сензор за движење кој следи допири со брзина од 500 пати во секунда, работи на 500 херци и собира точни податоци за движењето на топката, кои се пренесуваат во ВАР просторијата.

Новата технологија ќе ги забрза одлуките за офсајд, топката надвор од границите на теренот итн... Повеќе информации за самата топка, технологијата и бројот на панели што ќе ги има ќе бидат објавени на промоцијата на топката.

На 31 јануари Adidas ја претстави официјалната топка за претстојниот Клупски мундијал на ФИФА кој ќе се одржи во јуни и јули. Таа исто така ја има технологијата Connected Ball Technology, но е во боите само на САД бидејќи овој Мундијал се одржува само во оваа земја.

Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе