Mundo Deportivo: Реал за Нејмар нуди 130 милиони евра и играч по избор

Бразилецот Нејмар е главна тема на трансфер шпекулации, иако немаше најдобра сезона откако дојде во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Реал Мадрид за 27-годишниот напаѓач наводно понудил 130 милиони евра и играч по избор, објави добро упатениот Mundo Deportivo.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, наводно многу го сака Нејмар во редовите на „Кралскиот клуб“, а по него „пати“ уште од 2013 година кога доаѓаше во Европа.

Нејмар наводно тогаш веќе бил на лекарски преглед во Мадрид, кога најголемиот ривал Барселона му го грабна младиот напаѓач на Реал „од пред нос“.

Реал сега не сака да ја пропушти приликата да го доведе Нејмар, па весникот објави дека веќе е испратена понуда од 130 милиони евра и плус еден играч по избор.

Наводно, во комбинација доаѓаат Гарет Бејл и Хамес Родригез, кои не се вклопуваат во плановите на менаџерот Зинедин Зидан, а Реал е подготвен на Нејмар да му плаќа 30 милиони евра, што е само шест милиони помалку од платата што ја добива во ПСЖ.

Барселона, за која исто така енергично се шпекулира дека е заинтересирана да го врати Нејмар, не може да му ја понуди таа плата, но Каталонците имаат многу појак адут – емоции.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе