Фудбал

Мурињо: Клоп сака месо, а на „Олд Трафорд“ доби риба

21. октомври 2019 - 9:02 | М.С.

Поранешниот менаџер на Јунајтед, а сегашен стручен консултант, Жозе Мурињо, има интересен страв на приговорите на Јирген Клоп за тоа дека „црвените ѓаволи“ играат дефанзивно против неговиот тим.

„Откако сум во Англија, Јунајтед има ваква постава. За овој натпревар се говореше многу, но само едниот тим играше, додека другиот се бранеше. Не изгубивме ништо, 1 поен не значи ништо. Одиме понатаму“, изјави Клоп.

Меѓутоа, Мурињо го очекуваше овој коментар, па одговори:

„Така говори затоа што Ливерпул никогаш не го победи Јунајтед на „Олд Трафорд“. Не му се допадна менито. Тој сака месо, а доби риба и затоа не е среќен. Тие се задоволни кога играат против тим кој им дава шанси за контра напад. Јунајтед има поинаква стратегија. Играчите имаа цврста одбрана. На Ливерпул не му се допадна менито кое го сервиравме, рече Мурињо.

Натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул заврши со 1:1.

Коментирај