Фудбал

Мурињо: При изборот на новиот клуб морам да бидам рационален

26. мај 2019 - 15:30 | МИА

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Интер, Манчестер Jунајтед и на Челзи, Жозе Мурињо, сака да биде многу внимателен при изборот на новиот клуб.

„Единствено што знам е дека не можам да бидам емоционален во донесувањето на одлука. Морам да бидам рационален. Нема потреба да одбирам нова средина само затоа што сакам да работам. Не сум очаен за да сакам да работам каде било. Ќе го изберам следниот клуб доколку видам дека е вистински мотивирачки проект за мене“, изјави Мурињо.

Португалскиот фудбалски стручњак сака да се врати, како што вели посилен од кога било.

„Учам многу и напорно работам на себе за да бидам подготвен да се вратам на највисоко ниво.“

Мурињо е без ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Коментирај