Фудбал

Мурињо: Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот

22. октомври 2018 - 20:21 | МИА

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо ги демантираше информациите за негово евентуално враќање во Реал Мадрид.

Според гласините во шпанските медиуми тој би можел да го замени Хулен Лопеги во мадридскиот клуб, кому му се заканува отказ по серијата слаби резултати.

„Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот, но и по неговото истекување“, истакна португалскиот стручњак.

Мурињо на прес-конференцијата пред натпреварот со Јувентус во Лигата на шампионите одби да одговори на прашањето за состанокот на Пол Погба со поранешниот член на Јунајтед, Кристијано Роналдо, и со неговиот поранешен тренер Масимилијано Алегри.

„Не сакам да говорам за Погба, ниту за било кој играч. Не сакам да разговарам ни со шпанските новинари бидејќи нив ги интересира само Реал и Роналдо“, наведе Мурињо.

Манчестер Јунајтед утре во третото коло од групата Х во Лигата на шампионите го пречекува италијанскиот првак Јувентус.

Коментирај