Фудбал

Мурињо: Во составот нема место за Фред додека не ја подобриме одбраната

7. декември 2018 - 14:16 | К.З.

Најскапо платеното летно засилување на Манчестер Јунајтед никако да дојде до минутажа во составот на Жозе Мурињо и покрај тоа што формата на тимот е во слегувачка линија. Со новата изјава на Мурињо, тешко е да се замисли Фред во стартниот состав, барем не во блиска иднина.

Трансферот на Фред од Шахтјор во Манчестер Јунајтед чинеше 50 милиони фунти и во тој момент навивачите на тимот прогласија победа бидејќи го добија човекот кој Пеп Гвардиола го гледаше како идеална замена за Фернандињо во Манчестер Сити. Во овој момент истиот трансфер изгледа сосем непотребен, со оглед на тоа дека Мурињо воопшто не го користи Бразилецот.

Последниот натпревар на Манчестер Јунајтед помина без присуството на Фред, кој воопшто не беше повикан помеѓу 18-те играчи во составот за дуелот против Арсенал. Работите стануваат уште појасни кога ќе се напомене дека тој воопшто не мораше да станува од клупата во пет од седумте последни натпревари на Јунајтед.

„Денот кога ќе станеме подобри во одбраната е денот кога ќе дојде времето на Фред. Мора да одиме чекор по чекор, бидејќи во составот има други играчи кои добија помали шанси од него“, изјави Мурињо во пресрет на утрешното гостување кај Фулам.

Фред беше во првиот состав на Манчестер Јунајтед во првите неколку натпревари од сезоната, додека клубот имаше проблеми со повредени играчи, а му помогна и отсуството на Немања Матиќ, кој пропушти неколку натпревари за да се одмори од Светското првенство. Но, последните два месеци беа многу тешки за него бидејќи добиваше минимална минутажа а сега му беше порачано дека мора да биде трпелив ако сака да се избори за место во составот.

Коментирај