Фудбал

Мурињо: За некои сум копиле, но не може да се негираат моите успеси

24. април 2019 - 19:48 | МИА

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо целосно разбира дека не е најомилениот лик за многумина, но и знае дека неговите успеси во спортот зборуваат доволно за неговиот имиџ.

Португалскиот стручњак смета дека некои аналитичари премногу брзо ги заборавиле неговите достигнувања кои воопшто не се далеку во минатото.

– Трофеите кои сум ги освоил во минатото се гаранција за успех во иднина. Дури и оние кои се трудат да ги заборават моите успеси, и тие нема да го сторат тоа. Последниот мој трофеј беше пред година и половина во Лига Европа, а последното мое финале – пред осум месеци. Некои луѓе мислат дека ова се случило пред 20 години, изјави Мурињо.

На прашањето како би го опишале некои фудбалери, Португалецот одговори: „Можеби како копиле“.

Мурињо во последните месеци успеа да се скара со скоро сите во штабот на Манчестер Јунајтед, вклучувајќи и со големата ѕвезда на Пол Погба.

Специјалниот исто така, истакна дека не би се вратил на работа во Премиер лигата.

Коментирај