Мурињо го одржа зборот: Се сликаше со македонскиот новинар

Филип Здравески
/ 24.09.2020 / 09:14

Како што и вети, Жозе Мурињо така и направи. На прес-конференцијата синоќа рече дека ќе ги прекрши правилата и ќе направи фотка во чест на починатиот татко на македонскиот новинар, а сега тоа и се случи.

Фото: Игор Александровиќ / Полн Погодок

Прес-конференцијата на Тотенхем посветена на гостувањето во Скопје поради пресметката во Шкендија во рамките на 3. коло од квалификациите за Лига Европа имаше драматична завршница. Пресот заврши без новинарот Игор Александровиќ од ТВ Сонце да добие шанса да постави прашање, па Мурињо се врати за да го ислуша.

„Морам да ве прашам нешто во името на мојот татко“, почна Игор, а потоа му објасни за последната таткова желба, бидејќи тој не успеал да се сретне со неговиот идол Мурињо, неговиот син некогаш да го направи тоа.

„Ако ми дозволите да се сликам со вас, јас таа слика ќе ја урамам и ќе ја поставам на неговото вечно почивалиште. Доколку резултат е добар за вас, дали ќе ми дозволите да се сликам?“, праша новинарот.

„Сликата нема никаква врска со резултатот. Сликата е веќе направена. Ќе се сликаме. Пред натпреварот, или можеби во хотелот ако е полесно. Ако е по натпреварот, ќе биде по натпреварот, без разлика на резултатот“, одговори Мурињо.

Тотенхем синоќа пристигна во Скопје, а Игор си ја доби сликата со идолот на татко му. Ја искористи приликата и да му се заблагодари на Португалецот со книга за историјата на Македонија, а му го подари и старото знаме на Македонија, она со сонцето од Ајга.

Александровиќ е водител на емисијата „Полн Погодок“ на ТВ Сонце каде во утрешното издание ќе оди и прилог токму за овој несекојдневен настан.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе