СЕРИЈА А 2021/22

Мурињо не дозволува никој да ги гледа тренинзите на Рома

Екипата на Рома се подготвува за неделниот натпревар од Серија А против Каљари, а Corriere dello Sport открива зошто никој не смее да ги гледа тренинзите на „Волчицата“ во Тригорија.

Рома се обидува да се избори за позиција на табелата која води во Лигата на шампионите, но заостанува 9 бода зад четвртопласираната Аталанта. Минатонеделниот натпревар против Јувентус остави горчлива трага бидејќи римскиот клуб прокоцка предност од два гола и сега треба да се опорави на неделниот натпревар против Каљари на „Олимпико“.

Corriere dello Sport пишува дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо, збеснал откако новинарите добиле информации за тактичките промени кои Специјалниот ги подготвил за натпреварот против Венеција во декември, па сега никој не смее да ги следи тренинзите на неговиот тим во Тригорија тренинг-центарот.

Мурињо се одлучи за тројца играчи во одбраната за да се соочи со Венеција и забележа пораз, еден од деветте сезонава.

„Волчицата“ сега тренира зад затворени врати, а тренерот се фокусира и на трансфер пазарот. Веќе е обезбедено доаѓањето на Ејнсли Мејтленд-Најлс и Сержиу Оливејра на позајмица до крајот на сезоната (првиот од Арсенал, вториот од Порто), а се следи и фудбалерот на Марсеј, Бубакар Камара, кому договорот му истекува на крајот од сезоната.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе