СЕРИЈА А 2021/22

Мурињо: Невозможно беше да не победиме

По две кола Мурињо има максимален ефект со својот нов клуб, а синоќа иако до полувреме се мачеше, Рома на крајот славеше убедлива победа.

Рома гостуваше на „Ареки“ стадионот во Салерно кај повратникот Салернитана која после 22 години е назад во италијанската елита. Иако доминираше, „Римската волчица“ не можеше да го пронајде патот до домашната мрежа и на полувреме се замина без голови.

Но, веднаш после паузата Лоренцо Пелегрини го отвори резултатот и потоа головите почнаа да се редат, па погодија и Жордан Верету, Тами Ејбрахам и повторно Пелегрини.

„Доминиравме на натпреварот, беше невозможно да не победиме“, почна Мурињо говорејќи за DAZN.

Remote video URL

„Од првата минута игравме потполно смирено. Игрваме добро. Им реков на играчите дека позагрижен бев кога поведовме против Фиорентина и поопуштен кога тие ни израмнија. Сега, повторно доминиравме“.

„Некој можеби ќе рече дека не создадовме многу шанси во првиот дел, но ни на противникот не му дозволивме да создаде. Имавме целосна контрола и правевме што сакаме со топката, ја изморивме Салернитана, вртејќи ги наоколу и користејќи ги пас потезите кои ги вежбавме на тренинг“.

Мурињо цел натпревар го мина на работ од клупата бидејќи клупите на стадионот во Салерно се пола подземја.

Откако ја презеде Рома, Жозе Мурињо победи на сите четири натпревари, два во Серија А и два во Европа конференциската лига.

„Среќен сум што сум назад во Италија, во клуб кој има вистински навивачи, со луѓе кои се страствени. И мене ми беше потребно повторно да ги почувствувам овие чувства“, вели Португалецот.

„Кога ја погледнувам клупата, чувствувам дека ни е потребно повеќе искуство. Има клубови кои се посилни од нас, но навистина сум среќен што работам со овие момци и кога ќе играме против поголемите тимови, ќе играме за да победиме. Можеби тоа нема секогаш да ни успева, но нашиот менталитет не смее да се менува во зависност од противникот“, додава.

Серија А можеби ја напуштија големи имиња од играчите, како Лукаку и Роналдо, но затоа се вратија реномирани тренери. Освен Мурињо, назад во Калчото се Маурицио Сари, Макс Алегри и Лучано Спалети.

„Среќен сум што гледам дека се пробива нова генерација на тренери. Го чекам да се врати Дон Клаудио (Раниери, заб. на прев.), а Антонио (Конте, заб. на прев.) можеби размислува поинаку. Сепак, играчите се поважни од тренерите“.

После репрезентативната пауза предизвик за Мурињо и Рома ќе биде Сасуоло на домашен терен.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе
  • filter

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на телохранителот на Меси – запре 3 навивачи на еден натпревар

Читај повеќе