Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Ни голот против еден премиерлигаш не нѐ спаси од „бламажа“, сите медиуми пишуваат за нешто друго што вчера се случи во Македонија.

Фото: КФ Шкендија Тетово

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, се пожали дека едниот гол на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје не е по стандардите.

Натпреварот имаше бизарен вовед уште на загревањето. Голманите на Тотенхем забележале дека голот на кој се загревале се пониски од пропишаните димензии и веднаш го известиле „Специјалниот“. Мурињо веднаш излегол на терен да ги измери македонските голови „од око“ и потоа ги викнал судиите.

Со детално мерење било утврдено дека голот навистина е понизок за 5 сантиметри отколку што треба да биде, па техничкиот персонал на стадионот мораше да го замени со друг и натпреварот се одржа без проблеми.

„Се понадевав дека сум пораснал, а всушност беше понизок за 5 сантиметри. Голманите веднаш го забележаа тоа бидејќи живеат меѓу стативите. Дојде делегат од УЕФА, уште еднаш го прегледаа голот и на крај го сменија“, рече Мурињо по натпреварот.

Од Шкендија велат дека немаат ништо со овој пропуст и дека тие го користеле стадионот и теренот само за европскиот натпревар.

„Ова не е наш стадион и го најмивме за овој натпревар. Не се ни посомневавме дека головите се помали од вообичаено, ама ете, на крај немаше проблеми, ги заменивме и завршена работа“, велат од ПР службата на тимот.

URL

Тотенхем ја победи Шкендија со 3:1 во рамки на квалификациите за Лига Европа 2020/21, со головите на Ерик Ламела, Сон Хјон-мин и Хари Кејн, а за Шкендија погоди Валмир Нафиу.

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Фудбал

Расизам: Новинар го навреди асот на Барса

Read more

Фудбалерите напредуваа едно место на светската ранг листа

Read more

Конте: Ова не може да се споредува со киксот лани против Славија

Read more

Шампионот Баерн шампионски, Шахтар триумфално низ Мадрид

Read more

Спорт

Нов позитивен играч во Металург, целиот тим оди во изолација

Читај повеќе

Расизам: Новинар го навреди асот на Барса

Читај повеќе

Фудбалерите напредуваа едно место на светската ранг листа

Читај повеќе

Конте: Ова не може да се споредува со киксот лани против Славија

Читај повеќе
  • play_arrow

Шампионот Баерн шампионски, Шахтар триумфално низ Мадрид

Читај повеќе

Елмас и понатаму позитивен на корона, го пропушта дуелот со АЗ

Читај повеќе

Уште тројца ракометари на Тинекс Пролет позитивни на COVID-19, вкупно 12

Читај повеќе

Лоши вести за Интер – уште еден КОВИД позитивен играч

Читај повеќе
  • play_arrow

Погоди ги маскотите со Арсен Венгер

Читај повеќе