Мурињо низ солзи вети: Останувам во Рома

Жозе Мурињо се расплака за време на интервју по синоќешниот триумф во првата сезона на Европа конференциската лига и вети дека нема да си замине од Рома по само една сезона.

„Ова ноќва не беше работа, ова беше историја. Моравме да испишеме историја. И испишавме. Останувам, нема дилеми за тоа“.

Првото историско финале во најновото клупско натпреварување на УЕФА се одигра синоќа на „Ер Албениа“ стадионот во Тирана, а го одлучи единствениот гол на натпреварот - дело на Николо Ѕаниоло. Поразен беше холандски Фејнорд.

„Многу работи ми минуваат низ глава. Многу работи истовремено“, велеше низ солзи Мурињо на микрофонот на Sky Sport Italia.

„Во Рома сум 11 месеци. Во моментот кога пристигнав сфатив што значи, тие чекаа за вакво нешто. Како што им кажав на момците во соблекувалната во Торино - го направивме она што требаше да го направиме, се квалификувавме за Лига Европа. Одработивме одлично сезонава“.

Рома никогаш порано немаше освоено европски куп бидејќи Купот на саемските градови, кој го освои во 1961 година, не беше во организација на УЕФА и не е признат како официјално натпреварување.

„Ова ќе остане во историјата на Рома, но и во мојата. Ми кажаа дека само јас, сер Алекс Фергусон и Џовани Трапатони имаме освојувано трофеи во три различни декади. Тоа прави да се чувтсвувам стар, но е убаво за мојата кариера“.

„Сега ќе заминам на одмор и ќе седам на плажа мислејќи на сето ова“, заврши Мурињо.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе