УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Мурињо: Очекував повеќе од португалските фудбалери на ова ЕУРО

Жозе Мурињо пред една година ја одби улогата на селектор на Португалија. Реши да остане во Рома, летово го презеде Фенербахче, но не го криеше разочарувањето од неуспехот на Португалија на ЕУРО 2024 и елиминацијата во четвртфиналето од Франција. Не по резултатот, туку по самиот квалитет на прикажаната игра.

„Португалија не играше добро, без разлика што стигна до четвртфиналето. Очекував повеќе и чувствував дека Португалија може повеќе. Квалитетот на тимот е огромен, но тоа не го видовме на ЕУРО“, изјави Мурињо за Sport TV.

Потсети дека пред почетокот на првенството Португалија беше поразена од Хрватска во пријателски натпревар (1:2).

„Бев на тој натпревар. Немав добро чувство. Тимот не прикажа убедлива игра, а потоа дојде моментот на вистината. Светското првенство сега е пред селекцијата на Португалија, освен за двајца ветерани“, додаде Мурињо, кој, како што пренесуваат португалските медиуми, алудираше на Пепе и Кристијано Роналдо.

Пепе има 41 година и нема најавено повлекување од репрезентацијиата. Роналдо, пак, има 39 и по елиминацијата на Португалија најави дека ќе игра и на Мундијалот 2026 кога ќе има 41 година.

реклама

Фудбал

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Read more

AS: Паника во Арсенал

Read more

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе