УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/22

Мурињо по дебаклот во Норвешка: Реков дека треба да се молиме во Ватикан

Фудбалерите на Бодо/Глимт синоќа во 3. коло од Конференциската лига ја декласираа Рома со понижувачки 6:1, а по катастрофалниот пораз одговорноста за дебаклот ја прифати тренерот Жозе Мурињо.

„Одговорноста е моја. Јас составив тим од играчи со мала минутажа. Го направив тоа со добра намера, сакав да им дадам можност поиграат луѓе кои работат многу, а не играат многу. Бодо/Глимт е добар тим на овој вештачки на терен и со оваа клима. Решив да направам вакви промени во групната фаза каде има шест натпревари. Ги знаев ограничувањата на нашите играчи, но очекував подобар одговор“, рече португалскиот стручњак.

URL

Меѓутоа, Мурињо собра сили и да се пошегува и рече дека не го потценил противникот, туку ги преценил своите играчи.

„Изгледаше како Солбакен да е на мотоцикл од Мото ГП, а нашите играчи на велосипед. Кога пред четири или пет недели реков дека мораме да одиме во Ватикан да се помолиме за да нема повреди, знаев за што зборувам. Доколку играв со првиот тим некој можеби ќе се повредеше, потоа ќе примевме 4 или 5 гола в недела од Нпаоли и таквата одлука исто така ќе се рачунаше за погрешна“, додаде Мурињо.

„Добрата работа од овој пораз е што никогаш повеќе нема да ме прашувате зошто играм со истите играчи“, во свој стил продолжи Португалецот бидејќи италијанските медиуми го критикуваа дека во Серија А не им дава шанса на играчите од клупа, односно стартува со истите фудбалери.

Мурињо синоќа истрча со 19-годишниот Калафјори, 21-годишниот Кумбула, 20-годишниот Рејнолдс во одбраната, 20-годишниот Дарбо, 23-годишниот Виљар и 24-годишниот Диавара во средината, а во офанзивата 23-годишниот Перес со резервистот Мајорал. Од првотимците стартуваа единствено голманот Руи Патрисиу, дефанзивецот Ибањес и напаѓачот Ел Шаарауи.

За Рома ова е можеби најтешкиот европски пораз, бидејќи доаѓа од не многу моќниот норвешки тим, за разлика од оние 1:7 колку што загуби „Волчицата“ од великани како Манчестер Јунајтед и Баерн.

Инаку, Бодо/Глимт е прв во групата со 7 бода, а Рома е втора со 6. Мурињо и Рома ќе имаат шанса за реванш за две недели, кога повторно ќе ги одмерат силите овие два тима, но овој пат на „Олимпико“ во Рим.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе