СЕРИЈА А 2022/2023

Мурињо: Подобро еден пораз од 4:0 отколку четири од по 1:0

Жозе Мурињо не би бил Специјалниот доколку не би знаел како да се извади од секоја ситуација. Овојпат најде зборови за да се оправда од синоќешната бламажа која неговата Рома ја доживеа во Удине.

Рома синоќа гостуваше на „Дачија Арена“ кај Удинезе каде замина по три бода и враќање на врвот на табелата. Но, „Волчицата“ уште по 5 минути игра имаше негатива кога по грешката на Рик Карсдорп резултатот го отвори Дестини Удоги. Рома до паузата не успеа да израмни, а и по полувремете не направи ништо на случајот. Лазар Самарџиќ со еврогол во 56. минута го дуплираше водството, за потоа Роберто Перејра и Санди Ловриќ да се погрижат за голема победа од 4:0.

„Моето објаснување е дека беше тежок натпревар, проблематичен противник кој знае како да игра вакви натпревари. Не смее да сме во негатива на ваков натпревар затоа што во таков случај тие се бранат навистина добро, одат во контри, можат да го контролираат темпото, прават тактички фаули, па ако имаш негатива против нив, веќе си во неволја“, објасни Мурињо говорејќи за DAZN.

Remote video URL

„Имавме одлична шанса рано преку Дибала, кој, настрана резултатот, според мене беше наш најдобар играч на теренот. Секој пат кога Удинезе замина во контра, примавме гол. Нашите шанси беа една со глава над пречка и потенцијален пенал кој можеби беше и офсајд. Кога ќе загубиш со 4:0 не можеш да зборуваш за судиите, тоа е мое правило“, додаде португалскиот стратег.

„Ќе кажам само дека преферирам еден натпревар да го загубам со 4:0 отколку четири натпревари со по 1:0. Така, ние загубивме само 3 бода, што е подобро отколку 12. Тешко е за нас и за навивачите да се проголта ова, но таков е животот, имаме нов натпревар в четврток и продолжуваме напред“.

По 5 кола во Серија А римјаните имаат 10 бода (3 победи, 1 реми и 1 пораз) и се на делба на 3. место со Аталанта и Удинезе (Аталанта игра вечерва и може да го преземе врвот со победа).

Рома в четврток во рамките на 1. коло од Лига Европа гостува во Разград против Лудогорец.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе