Мурињо: Во Тотенхем нема место за примадони

Тотенхем синоќа извојува тешко заработена победа на гостувањето кај Барнли, а стратегот Жозе Мурињо има само пофалби за своите играчи.

Особен впечаток му оставил Хари Кејн кој аситираше за погодокот на Сон-мин Хјон во 76. минута кој, пак, беше единствен на натпреварот. Неговата борбеност и желбата да помогне и во одбраната за да се задржи водството е она што го импресионира Португалецот.

„И во последната минута тој играше пресинг, правеше клизачи и ги попречуваше противничките играчи да ја внесат топката во шестнаесетникот. Кога сакате да победите правите сѐ за својот тим, нема место за индувидуалци, нема место за примадони“, вели Мурињо.

Пред победничкиот гол Кејн спаси чист гол за домаќините кога од гол-линијата ја исфрли топката по ударот на Џејмс Тарковски.

„Дури и играч од светска класа како Хари го има тој дух, едноставно сакам да кажам дека е неверојатен“.

„Не сакам да ме сфатите дека тој е најдобар откако сум јас тука. Тој беше неверојатен под секој тренер, беше одличен и под Маурисио Почетино“.

Со вчерашната победа Тотенхем влезе во серија од 10 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Кејн во Премиер лигата сезонава има 5 голови и 8 асистенции.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе