Мурињо за малку не го избркал Матиќ и тоа на полувреме од пријателска

Поранешен играч на Челси открива една пикантерија од односите помеѓу Жозе Мурињо и Немања Матиќ и тоа дека Србинот за малку на полувреме од пријателски натпревар ќе останел без клуб.

Џордан Хојтон денес е 24-годишен играч од средниот ред на Милтон Кејнс Донс. Но, тој израсна во Челси почнувајќи од својата осма година и ги помина сите младински категории. Често беше земан во првиот тим да тренира и игра пријателски со сениорите. Тогаш „Сините“ беа предводени од Жозе Мурињо, а од август 2009 на тимот му се придружи и Немања Матиќ, како засилување од словачки Кошице.

Хојтон и Матиќ никогаш не заиграа заедно на официјален натпревар бидејќи Хојтон никогаш и не се проби во тимот на Челси. Но, играа на пријателски.

„Игравме заедно на натпреварите со Вајкомб и Вимблдон и тоа под водство на Мурињо. Против Вимблдон, се сеќавам како Мурињо тотално го прегази Матиќ и му се закани дека ќе го избрка од клубот. Тоа мене ми ги отвори очите. Потоа заминав на турнеа со тимот и учев колку што можев од тренинзите со момците“, открива Хојтон.

Веројатно Матиќ не ги прател тактичките задачи зададени од Мурињо поради што одиграл лошо прво полувреме, па португалскиот стратег му одржал воспитна пред целиот тим.

Џордан Хојтон во дресот на Челси
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе