ФА КУП 2020/21

Мурињо за поразот од 5:4: Ни се случи грешка, грешка, грешка, гол, гол, гол

Тотенхем синоќа во неверојатен натпревар со 9 голови доживеа елиминација од ФА купот иако за 90 минути погоди четори пати во домашната мрежа.

На Жозе Мурињо не му се верува што се случи вчера во Ливерпул кога неговиот тим со 5:4 загуби од Евертон и отпадна од трката по куп трофејот.

Тотенхем поведе уште во 3. минута преку Дависон Санчес, но потоа од 36-тата до 43-тата Евертон постигна три гола преку Доминик Калверт-Левин, Ришарлисон и Гилфи Сигурдсон, а играчите на Мурињо правеа грешка до грешка.

„Уживав - и не уживав. Уживав како игравме со топката. Создававме шанси, бевме доста подвижни, дадовме голови. Покажавме карактер дека можеме да се бориме против неверојатни грешки. Но, напаѓачкиот фудбал носи победа само кога тимот нема да прави повеќе грешки отколку што создава шанси. Постигнавме четири гола и тоа не беше доволно“, вели Мурињо.

Неговиот тим намали на 3:2 во последните моменти од првиот дел со голот на Ерик Ламела, а по паузата израмни на 3:3 со вториот гол на Санчес. Ришарлисон се погрижи за ново водство на Евертон, за на крај Хари Кејн да израмни на 4:4.

Сепак, во продолженијата Бернард постигна гол за победа на тимот на Карло Анчелоти.

„Тешко ни е на сите. Имаме чувство дека навистина игравме добро со топка, бевме храбри, бевме подобриот тим при 1:0, а потоа за пет минути беше грешка, грешка, грешка, гол, гол, гол. Возвративме со борба, но направивме повеќе грешки. Беше како игра на мачка и глушец. Глувчето ги претставуваше нашите грешки, а мачката бевме ние како се обидуваме да надокнадиме за истите“

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе