Мурињо: Зошто некој би гледал турска лига?

Фенербахче го доби дербито од 11. коло од турскиот шампионат на гости кај Трабзонспор со 3:2 со голот на Софијан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување.

Тренерот на победничкиот тим Жозе Мурињо бурно ја прослави победата во мечот со бројни пресврти, пет гола, 19 корнери и дури 34 удари кон противничкиот гол. После тоа критикуваше некои работи во турскиот фудбал.

Да потсетиме, гостите поведоа во 42. минута со голот на Фред, но Трабзонспор на почетокот на вториот дел го сврте резултатот со головите на Симон Банца од пенал (59. 67.). Един Џеко израмни во 75. минута, а победата на гостите им ја донесе Софјан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување.

Remote video URL
„Полошо е отколку што ми кажаа“

„Главниот човек на натпреварот беше Атила Караоглан (ВАР судија) - Невидливиот човек. Главниот судија е само дете. Атила Караоглан е човекот на натпреварот. Не сакаме веќе да го видиме на наш натпревар. Не го сакаме за ВАР судија. Ми кажаа многу работи пред да дојдам овде. Не верував, но сега гледам дека е уште полошо отколку што ми кажуваа“, изјави Мурињо по натпреварот и додаде:

„Играме против системот. Зборувам за сите навивачи на Фенербахче кога го кажувам ова. Затоа ја славевме победата вака. Пред да дојдам овде ми кажаа половина од приказната. Да ми ја кажаа целата приказна, немаше да дојдам“.

„Почнав да гледам турска лига за да го запознаам мојот тим“

На неговите критики денеска се надоврзаа и светските медиуми. Видеото од прес-конференцијата по натпреварот открива што навистина мисли за турскиот шампионат.

„Не гледав турски фудбал пред да пристигнам, затоа што никој не сака да го гледа. Кој надвор од Турција сака да го гледа тоа? Тука е Премиер лигата, француската лига, германската лига, португалската лига, холандската лига. Зошто некој би го гледал ова?" рече тој и додаде:

„Почнав да гледам кога бев поканет во Турција. но не можев да поверувам. Премногу мрачно. Смрди.“

Објава на Instagram

Мурињо на својот профил на Instagram го објави и моментот на крајот од натпреварот кога не беше свирнат пенал за неговиот тим. Тој го нарече најголемиот скандал на натпреварот и објасни зошто го објавил.

„Како што кажав, многу луѓе во странство не ја следат турската лига. Мислам дека мојот син е единствениот што ја гледа во Лондон. Никој друг. Затоа објавив видео на Instagram, кое има, мислам, повеќе од пет милиони следбеници, па секој може да види каква е турската лига“, заклучи тој.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе