Музичка Бајка со виолинистката Ана Кондратенко во Филхармонија

„Бајка“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот, на кој како солистка ќе настапи нашата виолинистка Ана Кондратенко, концертмајстор во Македонската филхармонија. На концертот, Ана Кондратренко ќе настапи како солистка и воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!“ („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели.

Врвната виолинистка Ана Кондратенко, на овој концерт, покрај како солистка на виолина, ќе се претстави и како диригентка со Камерниот оркестар составен од членовина Македонската филхармонија. Родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О. Марченко и А. Гвоздев, а продолжува во класата на проф. В. Третјаков на Високата музичка школа во Келн, каде што дипломира во 2004 година.

Како солист и концерт-мајстор настапува со Младинскиот симфониски оркестар (Новосибирск), Симфонискиот оркестар на Филхармонија (Новосибирск), Интернационалниот симфониски оркестар (Мичиген, САД), Klassische Philharmonie Bonn (Германија), Philarmonie der Nationen и други во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Америка, Малезија, Кина, Либан и Јапонија. Исто така, учествува на различни мастер-курсеви (кај Z. Bron, D. Zigmondi) и фестивали, меѓу кои: Mozarteum (Австрија), Holzhausen Musiktagen (Германија) и др.

Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои и Ерденко и Мравински во Русија и Ј. Ниман во Германија. Пред две години, Кондратенко го основа квартетот „Филхармонија“ составен од членови на оркестарот на Македонската филхармонија, со кој остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концертмајстор и солист на оркестар на „F.A.M.E.S Project“ во Скопје.

реклама

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Read more

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Read more

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Култура

Премиера на претставата за деца Жива досада на 8 мај во МНТ

Read more

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Read more

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more
 

Вести

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Читај повеќе

Муцунски: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било

Читај повеќе

Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Читај повеќе

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на Aнтикорупциска која споделувала службени тајни на Viber

Читај повеќе

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Читај повеќе

Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал

Читај повеќе

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

Читај повеќе

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Читај повеќе
  • play_arrow

Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Читај повеќе