Музички награди Билборд: The Weeknd освои дури 10 награди

Вчера во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Музичките награди Билборд, каде доминираше пејачот The Weeknd кој однесе дома дури 10 награди.

Дрејк беше прогласен за Уметник на деценијата, а Пинк ја доби наградата Музичка икона.

The Weeknd влезе на доделувањето на наградите со 16 номинации и освои вкупно 10 признанија, и за поединечни песни, и за албуми.

„Сакам да ја искористам оваа можност да им се заблагодарам на моите родители“, рече тој. „Поради вас сум човекот што сум денес. Им благодарам и на моите обожаватели, се разбира.“

Remote video URL

The Weeknd беше прогласен за најдобар машки изведувач, најдобар изведувач на радио песни, најдобар R&B изведувач и најдобар R&B машки изведувач. Исто така, „ After Hours“ беше прогласен за најдобар R&B албум, додека неговиот сингл „Blinding Lights“ ја доби наградата за најдобра радио песна и најдобра R&B песна.

URL

Подоцна ja iзведе песната „ Save Your Tears“ на паркинг во Лос Анџелес, со кореографија со автомобили.

Дрејк, кој ја носи титулата добитник на најмногу награди Билборд на сите времиња, ја доби наградата Уметник на деценијата. Тој дојде на доделувањето на наградите со своето семејство и пријателите, а наградата ја презеде заедно со неговиот тригодишен син Адонис Греам.

За време на церемонијата Bad Bunny беше прогласен за најдобар латино уметник и говорот го одржа целосно на шпански јазик. Освои и три награди во off-air категориите: најдобар латино машки изведувач, најдобра латино песна и најдобар латино албум, категорија во која постави рекорд со три освоени наради.

Remote video URL

Пинк ја доби наградата Музичка икона, а на сцената ѝ се придружи нејзината 9-годишна ќерка која ги покажа своите гимнастички вештини додека заедно ја изведуваа кореографијата за песната „Cover Me In Sunshine“.

Remote video URL

Нејзиниот настап беше еден од неколкуте однапред снимени моменти на церемонијата на доделување на наградите што ја пренесуваше NBC, а домаќин беше Ник Џонас. Настапите во живо се одржуваа на отворено, пред публика со маски.

URL

Целосната листа на добитници можете да ја најдете ТУКА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе