Музиката ги прави мажите попривлечни

Музиката е светски феномен и дел од секоја култура на светот, но нејзиното потекло и понатаму останува мистерија. Зошто луѓето вложуваат толку многу енергија, време и пари во музиката? Постојат различни теории, од кои дел ги нагласуваат биолошките и општествените аспекти на музиката.

Чарлс Дарвин во неговата теорија за еволуцијата вели дека музиката се развила преку сексуална селекција. Моторичките и когнитивните способности потребни за создавање музика служат како показател на добри гени и со тоа го зголемуваат репродуктивниот успех на единката. Тоа е слично на пеењето на птиците во сезоната на парење.

„Моментално има неколку емпириски докази што ја поддржуваат теоријата на Дарвин за потеклото на музиката. Сакавме да употребиме нова експериментална парадигма за да ја истражиме улогата на музиката при одбирањето на партнер“, вели Мануела Марин, водач на истражувањето и поранешна соработничка на Институтот за темелни пихолошки итражувања и методи на истражување при Универзитетот на Виена.

Во ова истражување, Марин и нејзините колеги го испитувале влијанието на изложеноста на музика врз субјективната проценка на лица од спротивниот пол.

„Привлечноста на лицето е една од најважните физички карактеристики што може да влијаат врз изборот на партнер. Сакавме да дознаеме како музиката може да ја промени перцепцијата на овие особини“, вели Хелмут Ледер од Факултетот за психологија при виенскиот универзитет.

Со оглед на тоа дека музиката, особено пред модерната технологија, се слушала во живо и во друштвен контекст, може да се претпостави дека музиката може позитивно да делува на визуелното перцепирање на лицето.

„Постојат неколку докази дека се јавува т.н. ефект на пренос на возбуда ако постојат две последователни дразби. Процесирањето на првиот стимуланс доведува до внатрешно возбудување, односно до зголемена физиолошка активност што потоа е насочена кон другиот стимуланс. Овој несвесен механизам може да влијае врз нашите постапки, во овој случај врз изборот на партнер“, објаснува Марин.

Во екпериментот, научниците ги изложиле хетеросексуалните испитаници на инструментална музика со различна емоционална содржина, а потоа им биле покажувани фотографии на припадници на спротивниот пол со неутрален израз на лицето.

Испитаниците ја проценувале привлечноста на лицето според одредено скалило. Дополнително, од испитаниците било побарано да оценат дали би излегле на состанок со личноста од фотографијата. Паралелно, на испитаниците им биле покажувани фотографии без музика во позадина.

Во истражувањето имало три групи на испитаници: жени во плодна фаза, жени во неплодна фаза и мажи. Избраните учесници имале слични музички вкусови, музички познавања и слично расположение пред експериментот во поглед на нивните врски и љубовни статуси.

Резултатите покажаа дека женските испитаници ги оцениле машките лица како попривлечни и биле подготвени да излезат со мажите на фотографиите кога претходно биле изложени на музика. Дали биле во плоден циклус или не немало големо влијание на проценката.

Сѐ на сѐ, стимулирачката и сложена музика имала најголем ефект во споредба со ситуациите во кои кога немало музика.

Кај машките испитаници немало вакв ефект.

Овие резултати ветуваат многу и отвораат нови можности за истражување на влијанието на музиката во физичката привлечнот.

„Нашата цел е да ги повториме испитувањата на поголем примерок испитаници и да измениме одредени аспекти на експериментот. На пример, би сакале да појасниме дали ефектот на музиката може до некаде да ги надомести физичките ‘недостатоци’ кога станува збор за привлечноста“, вели Бруно Гинграс од Институтот за психологија при Универзитетот во Инсбрук.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе