МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“ од непријатната миризба

Скопје, 20 септември 2018 (МИА) - Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на  Комунална хигиена, информираа утрово за МИА од МВР. 

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство - Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје.

Од МВР информираат дека синоќа околу 18:50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

„Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци“, велат од МВР. 

Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе