МВР: Немало закани, ниту напад кон полициски службеници во Арачиново

Скопје, 3 декември 2022 (МИА) – Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се извршени детални проверки од СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и објавите дека полициски службеници биле нападнати во општина Арачиново се комплетна дезинформација. Случајот, како што велат, е целосно расчистен.

-Од извршените проверки е утврдено дека на 30 ноември тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив, соопштија од МВР.

Оттаму апелираат да се проверат фактите и да не се објавуваат дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.

Во врска со случајот, од МВР потенцираат дека утрово во Полициско одделение Арачиново е повикан 17-годишниот малолетник заедно со неговиот родител, двајцата од селото Сарај, скопско, поради основано сомнение за сторен прекршок по чл.225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по извршен службен разговор, малолетникот го појаснил стореното дело.

-Против малолетникот е поднесен поднесок за констатиран прекршок за управување на моторно возило без возачка дозвола, а против родителот поднесок за сторен прекршок по чл.317 ст.14 од истиот закон, поради тоа што му дозволил на малолетникот да го управува возилото без дозвола, се наведува во соопштението на МВР.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе