МВР со нови докази за „Транспортер 2“, во кој е осомничен Владимир Талески

Полицијата достави нови докази до битолското обвинителство за случајот „Транспортер 2“ во кој како осомничен се јавува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

„По барање на битолското обвинителство, полицијата во врска со предметот со кодно име ‘Транспортер 2’, кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластувањето“, велат од МВР.

Отттаму наведуваат дека С.П., С.Д., В.П. и П.П. во својство на членови на Комисијата за јавни набавки постапиле спротивно на Законот за јавните набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици се многу повисоки од реалните цени на пазарот.

На пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/2014 година цената за превоз од ученик на ден била 1.000 денари, во учебната 2015/2016 била 3.168 денари од ученик на ден, а во учебната 2016/2017 формирана била цена од 440 денари од ученик на ден, со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да стекнат поголема материјална корист.

С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување договори со нереални пазарни цени.

Градоначалникот, пак, донел одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица – превозници од Битола.

Со преземените дејства пријавените на Општина Битола ѝ причиниле материјална штета од 4.321.388 денари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе