МВР заплени дрога вредна околу 70.000 евра и приведе 4 лица

Во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар вчера лишени се од слобода четири лица и запленети се околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, како и три возила, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки  поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост  пронајдено е возилото и приведен А. И. (32) од село Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана, наведуваат од МВР во соопштение.

Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна“ со германски регистерски ознаки, кое имало улога на „чистач“ при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б. Џ. (45) од село Арачиново и Б. А. (34) од село Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело.

Од МВР посочуават дека денеска, во врска со овој случај, во Дебар е лишен од слобода и У. Н. (28) од село Бањишта и извршени се и претреси, при што се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, а одземени се и три возила.

Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 став 3 од Кривичниот закон и ќе бидат изнесени пред надлежен судија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе