МЗ: 40 отсто повеќе оздравени лица за една недела

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули, што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати споредено со претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Во периодот од 6 до 12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1.017  кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40 отсто повеќе од претходната недела на известување (29 јуни – 5 јули).

Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40 отсто на неделно ниво, што е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.

Во дадениот период направени се вкупно 9.995 тестирања (1.573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1.073 позитивни случаи на COVID-19, што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7 отсто позитивни од тестирани за периодот од 6 до 12 јули, наспроти 10,9 отсто за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад.

Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42,3 отсто) и во Тетово (8,9 отсто). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8 отсто, поголем број новозаболени се регистрира кај лица на возраст од 30 до 39 години – 20,1 отсто, потоа кај лица од 50 до 59 години – 19,3 отсто и од 40 до 49 години – 18,8 отсто. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа на возраст до девет години – 3,7 отсто, и од 10 до 19 години – 3,3 отсто од вкупниот број новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 отсто, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6 отсто имале контакт со потврден случај на COVID-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4 отсто. Триесет и пет од случаите се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на COVID-19.

На 12 јули, според извештаите од ГОБ „8 Септември“, болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на COVID-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а четворица на механичка вентилација, стои во соопштението од Министерството за здравство. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе