МЗ: Денеска 6 лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти

Вкупно 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со COVID-19 се обезбедени досега, а само во текот на денешниот ден 6 лица даруваа крвна плазма, од кои 4 од Штип и 2 од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина.

Според, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини, даруваната плазма е дел на крвта кој брзо се надокнадува, а содржи антитела кои може да се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со COVID-19.

– Меѓу овие 52 единици конвалесцентна плазма, донирани се девет единици крв преку плазмофереза, која се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор, при што се издвојува потребната количина плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот, додека даруваната плазма е дел на крвта кој брзо се надокнадува. Останатите единици се дарувани од лица преку стандардно крводарување. Сакам уште еднаш да изразам огромна благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со јавување во нашите служби, како и преку социјалните мрежи, се со цел да спасат нечиј живот, порачува Усеини, се вели во соопштението од Министерство за здравство.

За потсетување, дарител може да биде секое лице излекувано од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од COVID-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со COVID-19.

Сите граѓани кои сакаат и можат да бидат донор може да се пријават со пополнување на Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе