МЗ: На 635 кутии од МРП вакцината има погрешно залепени декларации, вакцините се со важечки рок и проверен квалитет

Скопје, 11 јануари 2019 (МИА) – Извршена е внатрешна контрола во сите здравствени домови, при што е утврдено дека во вакциналните пунктови се пронајдени 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз, кои бил со важност до октомври 2018 година. Тие се пронајдени во здравствените домови во Крушево, Струга, Велес, Демир Хисар, Крива Паланка, Вевчани, Охрид и Скопје. Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител Глаксо Смит Клајн од Белгија, соопшти Министерството за здравство.

МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската унија. Има два сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. На секоја кутија вакцина и на секое шишенце вакцина има т.н воден жиг на кој стои дека се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Ова е единствената потврда дека сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок, посочуваат од Министерството.

Наведуваат дека е извршен и вонреден инспекциски надзор од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) во Скопје, а во текот на утрешниот ден инспектори од Агенцијата ќе одат повторно на терен за да ги потврдат наодите каде е детектирано дека има од вакцините со погрешни декларации во вакциналните пунктови во остантите градови.

По завршување на инспекцискиот надзор, ќе имаме повторна средба со МАЛМЕД, по што ќе следи дополнително известување за медиумите, истакнуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни заболувања, потврдиле дека денеска до 10 часот во Скопје се хоспитализирани осум деца за едно деноноќие, на возраст од две години од населбата Ново Лисиче од Скопје, кои ја посетувале градинката „Сонце“.

За овие нови осум пријавени случаи, пет се потврдени, а за три се чека лабораториска потврда, но имаат јасна клиничка слика за морбили. Досега се заболени девет деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку во групата имало 28 деца сите невакцинирани. Од 16 декември до денеска има 23 пациенти хоспитализирани на инфективната Клиника во Скојпе, но за тројца од нив се уште се чека лабораториска потврда, иако клиничката слика укажува на морбили. Од овие 23 хоспитализирани девет лица до денес се пуштени на домашно лекување, а 15 се уште се хоспитализирани со клиничка слика за морбили. На клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија, информираат од Министерството.

Најмладиот пациент е бебе од осум месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца. Најмногу заболени има во Аеродром и Ново Лисиче – 11 деца. Но, има уште 12 пациенти кои биле со полесна клиничка слика, амбулантски прегледани и тие се на домашно лекување, сите од Скопје.

Според податоците од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, досега се прегледани околу 40 пациенти за кои имало соменение или се потврдило дека се заболени од морбили.

Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот се вакцинирани 1.847 лица, а само денес се вакцинирани 116 деца, додаваат од Министерството за здравство и ги повикуваат родителите кои се сомневаат дека детето има морбили, или тие самите можеби заболеле, од матичен лекар да се упатат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството апелираат сите деца кои не се вакцинирани, да се вакцинираат пред да почне училишната година.

Штом ќе заврши училишниот распуст, ќе има и теренска вакцинација по училиштата. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, соопштија од Министерството за здравство.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе