Министерството за здравство, по добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.
Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје - 13, Куманово - 8, Штип - 3, Радовиш - 2, Прилеп - 2, Струга - 14, Тетово - 2, Велес - 1, Гостивар - 2 и Кочани - 6.
Според местото на живеење, досега случаи на COVID-19 се регистрирани во:
221 - Скопје
93 - Куманово
49 - Дебар
24 - Прилеп
23 - Струга
18 - Штип
17 - Тетово
9 - Велес
7 - Кочани
4 - Битола, Гевгелија, Гостивар
3 - Охрид
2 - Кавадарци, Крива Паланка, Радовиш
1 - Струмица