МЗТ: Антиќ и соработниците за нас повеќе не постојат, правдата ќе ја бараме на суд

Не минува огорченоста на клубот од Аеродром поради одлуката на федерацијата да не прогласи шампион за прекинатата сезона.

Фото: КК МЗТ Скопје

„Перо Антиќ ќе имаше уште поуспешна кариера, само да беше така упорен, ангажиран и фокусиран на паркетот како што беше изминативе 40-тина дена во битката за остварување на сопствената и желбата на коалициските партнери да го остави МЗТ Скопје без валидација на трудот и резултатите остварени на паркетот во периодот од август 2019 до средината на март 2020 година“, велат од таборот на „Штрковите“.

МЗТ беше прв на табелата во моментот на прекин, но без драстична разлика во однос на останатите претенденти, па оттаме веројатно и одлуката на КФСМ да ја затвори сезоната без да има шампион.

Во клубот од Аеродром уште од почеток бараа, во случај на дефинитивен прекин, да им се додели титулата како на првопласирани.

„За МЗТ Скопје Аеродром борбата против деспотизмот на Антиќ не завршува со оваа негова одлука. Нашето барање за вреднување на тоа што се случуваше на паркетот, во ситуација кога не по наша вина дојде до една ваква уникатна ситуација и прекин, ќе го пренасочиме кон судските инстанци. Ќе побараме надлежните органи да ја прочешлаат работата на КФМ, да се види дали имало злоупотреба на должноста, дозвола за гласање на невалидни лица и многу други небулози и сомнителни работи за кои знаеме или сме слушнале. Ако треба, во договор со нашиот адвокатски тим, ќе поднесеме и кривични пријави, со цел правдината да излезе на виделина, особено во делот како пласманот во Првата лига е поништен, а пласманот во Втората лига е валиден, што само по себе е небулозно и правно неиздржано“.

Од МЗТ најавија и дека ќе побараат да им се вратат сите пари кои ги уплатиле на сметката на КФСМ за прекинатата сезона 2019/20 за котизација, казни, пари за лиценци на странските кошаркари и други давачки.

„Ако нешто не постоело, тогаш не гледаме зошто би плаќале за тоа. Истовремено, ги охрабруваме сите останати клубови да ни се приклучат кон ова барање, бидејќи и тие се оштетени со поништувањето, кое им го брише целиот вложен труд и остварени успеси и победи, без разлика на пласманот на табелата“, стои во клупското соопштение.

„Од денеска, Перо Антиќ и неговите соработници повеќе не постојат за МЗТ Скопје Аеродром. Тие дојдоа на власт со мотото „спортот на спортистите“, но сѐ што направија досега е заштита на сопствените и на интересите на малата група која е собрана околу нив, а со која ги врзуваат не само спортски конекции. Ова е само загубена битка, но - војната продолжува, во која „противникот“ има повеќе да загуби, бидејќи ние сме тие што создаваме играчи, а КФМ е само организатор на првенства со наши пари“.

Тагови
реклама

Ја избричи брадата по 10 години и ја шокираше сопругата

Read more

Хороскопски знаци во кои се родени мажите со најтежок карактер

Read more

Филипче: Дел од граѓаните не се придржуваат до мерките, па и не веруваат дека вирусот постои

Read more

Светот има ново жариште – земја каде за многу луѓе физичката дистанца е невозможна

Read more

Кошарка

Eurobasket ги одбра најдобрите во мак-кошарката

Read more

Келнер, дај по едно Жељко Обрадовиќ пиво

Read more

МЗТ: Антиќ и соработниците за нас повеќе не постојат, правдата ќе ја бараме на суд

Read more

Како би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија денес?

Read more

Спорт

  • play_arrow

Баерн славеше среде Дортмунд и дојде на чекор до титулата

Читај повеќе

Eurobasket ги одбра најдобрите во мак-кошарката

Читај повеќе

Флик: Рано е Холанд да се споредува со Левандовски

Читај повеќе

Лекција од Аугсбург: Како се слави победа во корона?

Читај повеќе

ФФМ одлучи, фудбалското првенство ќе се доигра

Читај повеќе

Денеска 126. Дер Класикер дерби на Борусија и Баерн

Читај повеќе

Хицфелд: Холанд може да биде како Левандовски, но уште не е подготвен

Читај повеќе
  • play_arrow

10 фудбалери на кои ова им е последна шанса да си ја спасат кариерата

Читај повеќе

Фудбалската публика се враќа на трибините во Црна Гора

Читај повеќе